Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина објави колкави се руските загуби

Украина објави колкави се руските загуби

Украина објави нови податоци за тоа колкави се руските загуби. 

Генералштабот на Украина на 30 октомври објави дека Русија изгубила 71.200 војници во Украина од 24 февруари, а само во изминатите 24 часа биле убиени 950 војници. Во текот на изминатата недела, Русија секојдневно губи околу 300-500 свои војници.

Tврдат дека Русија изгубила и 2.672 тенкови, 5.453 оклопни борбени возила, 4.120 возила и цистерни за гориво, 1.724 артилериски системи, 383 повеќекратни ракетни системи, 197 системи за противвоздушна одбрана, 274 авиони, 252 хеликоптери, 1.412 дронови и 16 бродови.

Генералштабот не објавува податоци за украинските загуби.

фото ЕPA/HANNIBAL HANSCHKE

Слично

Поврзани вести