Украина објави дека ослободила 5 населени места во Херсон
Украинските сили како што тврди Киев ја вратиле контролата врз 5 населени места во Херсон во јужна Украина.
Украинските сили ги потиснаа руските трупи од териториите припоени од Москва, пренесе Франс прес.
„Вооружените сили на Украина ослободија уште пет населени места во областа Берислав во областа Херсон: Нововасиловка, Новогригоровка, Новаја Камјанка, Трифоновка, Червонаја“, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Русија неодамна ги анектираше Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Војната почна на 24 февруари. Анексијата ја осуди целиот западен свет.foto Twitter/defense of Ukraine
Слично
