Украина: Нови жртви по примирјето
Три украински војници се убиени, а девет повредени во последните 24 часа на истокот од земјата каде се уште траат конфликтите помеѓу владините и проруските сили.
Смртта на војниците покажува на непочитување на примирјето кое пред две недели било донесено помеѓу Киев и лидерот на проруските сили во источна Украина и кое имало за цел да ги прекине конфликтите во кои до денеска настрадале 6000 луѓе.
Европа и САД изразиле надеж дека примирјето кое е договорено во Минск минатиот месец би можело да помогне на намалување на тензиите во конфликтот кој доведе до тоа да врските помеѓу Русија и западот бидат на најниско ниво од времето на „Студената војна“.
Украина и проруските сили секојдневно меѓусебно се обвинуваат за вооружени напади кои, како што ги оценува Ројтерс, го забавуваат мировниот договор од Минск, кој предвидува повлекување на тешката артилерија.
Проруските сили ги повикале новинарите да сведочат дали оружјето е повлечено од линијата на фронтот, но организацијата за европска безбедност и соработка, изјави дека неможе да потврди дали оружјето е повлечено бидејки не им е дозволен пристап на местото на кое оружјето е преместено.
