Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОР ЗА ГАС СО РУСИЈА: Се преговара со друга земја

УКРАИНА НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОР ЗА ГАС СО РУСИЈА:  Се преговара со друга земја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина нема да го продолжи договорот за гас со Русија. 

Вели дека се водат преговори за испраќање природен гас од Азербејџан во Европската унија.

„Договорот за замена на рускиот гас со азербејџански е еден од предлозите. Украина се обидува да ја задржи својата улога на транзитна земја и да им помогне на своите западни соседи да обезбедат енергетска безбедност“, вели Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг.

Договорот што го опфаќа овој транзитен аранжман истекува на крајот на 2024 година, а со оглед на тоа што војната сè уште беснее, многу аналитичари очекуваат протокот на гас да престане, наведува Блумберг.

„Не сакаме да го продолжиме договорот за гас со Руската Федерација. Не сакаме тие да заработуваат овде. Сега се разгледуваат алтернативни чекори, како да го користиме гасоводот со друг снабдувач на гас, друга земја. Преговори се во тек“, рече Зеленски.

Минатиот месец европските претставници преговарале да го задржат протокот на гас низ Украина.

Русија е под санкции поради војната во Украина. Руската инвазија на Украина почна на  24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести