Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина негира дека го нападнала руското складиште

Украина негира дека го нападнала руското складиште

Украинските власти негираат дека го нападнале руското складиште. 

Секретарот на Советот за безбедност Алексеј Данилов вели дека тие немаат врска со нападот на  складиштето за нафта во рускиот град Белгород.

„Од некоја причина велат дека ние сме го направиле тоа, но според нашите информации тоа не одговара на реалноста“, рече тој. 

Руското Министерство за одбрана објави дека два украински хеликоптери Ми-24 се одговорни за нападот на складиште за гориво во рускиот град Белгород. Тие информриаа дека објектот не ја снабдувал армијата со гориво.

Украинската армија објави дека руските сили почнале да се повлекуваат од Киев до границата со Белорусија, додека портпаролката на украинското Министерство за одбрана рече дека руската војска конфискувала храна наменета за евакуирани цивили во хуманитарниот коридор Мариупол. 

На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести