Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УКРАИНА НЕ ТРЕБАШЕ ДА ПРОВОЦИРА НЕКОЈ ПОСИЛЕН“: Трамп смета дека и најдобрата воена опрема не ѝ е доволна на Украина против Русија

„УКРАИНА НЕ ТРЕБАШЕ ДА ПРОВОЦИРА НЕКОЈ ПОСИЛЕН“: Трамп смета дека и најдобрата воена опрема не ѝ е доволна на Украина против Русија

Зборувајќи за војната, Трамп ја критикуваше администрацијата на Џо Бајден, велејќи дека „никогаш не требало да дозволи оваа војна да се случи“.

Тој додаде дека Украина не требаше да провоцира „некој што е многу посилен“, мислејќи на Русија и почетокот на конфликтот, и посочи дека САД и дале на Украина голема воена помош, вклучително и „најдобрата воена опрема во светот“, додавајќи дека тоа очигледно не е доволна.

Путин оцени дека ситуацијата почнува да се менува по разговорите со пратеникот на Доналд Трамп, Стив Виткоф, во Москва, додавајќи: „Ќе видиме што ќе излезе од тоа“.

Истовремено, рускиот претседател изјави: „Знаеме дека новата администрација, на чело со претседателот Трамп, прави сѐ за да врати барем дел од она што го уништи претходната американска администрација“.

фото: EPA

Слично

Поврзани вести