Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА: Не сме вмешани во терористичкиот напад во Москва

УКРАИНА: Не сме вмешани во терористичкиот напад во Москва

Украина објави дека не е вмешана во терористичкиот напад во Москва.

„Украина не е вмешана во терористичкиот напад во концертната сала Крокус во Москва“, изјави советникот на претседателот Володимир Зеленски, Михаил Подољак.

Прес-секретарот на шефот на претседателскиот кабинет Андреј Јермак изјави дека она што се случува го покажува „ракописот на руските специјални служби“.

Претставникот на военото разузнавање ГУР Андреј Јусов го нарече терористичкиот напад „провокација на режимот на Путин“.

Заменик-шефот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев повика на одговорност за терористичкиот напад. 

Медиумите јавија за најмалку 40 загинати. Ваков напад со години немало во Русија. 

Слично

Поврзани вести