Украина не прифаќа да плаќа однапред за рускиот гас
Украина нема да плаќа однапред за руски гас по нова, повисока цена, изјави украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан. Русија од вчера побара од украинските власти однапред да плаќаат за сите идни испораки на природен гас, заради заостанатиот долг кој сега изнесува неколку милијарди долари.
Барањето уследи и откако Украина не ја плати ниту априлската сметка за испорачан гас, пресметана по нова цена од 485,5 долари за 1.000 кубни метри.
„Ние не можеме да плаќаме цена од околу 480 долари за 1.000 кубни метри гас“, признава Продан.
Официјална Москва објави дека Украина го испуштила последниот рок за исплата на долгот од 3,5 милијарди долари и оти сите количества гас кои во иднина ќе бидат испорачувани ќе мора да се плаќаат однапред.
Слично
