УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија
Украина не планира да попушти пред барањата на Русија.
Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговорите со Русија ќе бидат можни под услов да се врати ситуацијата од 23 февруари 2022 година.
За холандскиот весник „Дагенс индустри“ Јермак изјави дека плодни преговори се можни само доколку сите завојувани страни имаат желба да го прекинат конфликтот.
„Покрај тоа, неопходно е да се вратиме на ситуацијата како што беше барем на 23 февруари 2022 година. Тоа ќе биде почетна точка за натамошен договор, бидејќи дел од Украина беше окупиран пред тој датум“, изјави Јермак.
Тој додаде дека Русија не покажала знаци на подготвеност за преговори, бидејќи таа продолжува да ескалира.
„Путин распореди 11.000 севернокорејски војници на границата со Украина. Русија лансираше хиперсонична ракета со среден дострел во Дњепропетровск минатата недела, а Путин се закани дека ќе изврши нови напади, покажувајќи уште еднаш дека Москва не е заинтересирана за мир“, објасни Јермак за украинската агенција Униан.
Јермак вели дека многу е важно да се зголеми меѓународната поддршка за Украина, бидејќи Русија ќе биде подготвена за вистински преговори само кога ќе види дека нејзината сегашна стратегија пропаднала. Украинските власти постојано повторуваат дека не сакаат да отстапат територија на Русија во замена за мир.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
