Украина наскоро може да добие статус кандидат за ЕУ
Украина би можела да добие кандидатски статус за ЕУ во наредните недели, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој денеска официјално му го предаде пополнетиот прашалник за пристапот на Украина во ЕУ на претставникот на ЕУ. Верува дека потегот ќе доведе до тоа неговата земја да добие кандидатски статус во наредните недели.
Прашалникот, кој служи како почетна точка за ЕУ да ги започне пристапните преговори, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му го предаде на Зеленски при посетата на Киев на 8 април. Украина поднесе барање за членство во Европската унија откако почна војната на 24 февруари.
Слично
