Украина најавува нова мобилизација
Претседателот на Украина, Петро Порошенко, потпишал одлука за отпочнување на четврта мобилизација на воени регрути.
На овој начин тој ја потврди одликата на Советот за национална безбедност и одбрана кој најави мобилизација за 20 јануари, а уште две се најавени во април и јуни.
„Го доставув документот до парламентот, кој треба да го одобри“, рекол Порошенко.
Мобилизацијата ќе ги заобиколи лицата со нарушено здравје, студентите, свештените лица, родителите на три или повеќе деца како и жителите во областите кои не се под контрола на украинските власти.
Министерот за одбрана, Степан Полторак, неодамна рече дека, доколку биде потребно, оваа година ќе бидат мобилизирани повеќе од 100 илјади мажи.
Доколку биде потребно ќе бидат мобилизирани и жени, на возраст од 25 до 50 години.
Слично
