Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина на чекор до граѓанска војна, Одеса и Славјанск бројат жртви

Украина на чекор до граѓанска војна, Одеса и Славјанск бројат жртви
Украина е многу блиску до граѓанска војна, предупреди германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. Десетици луѓе загинаа вчера во судирите меѓу украинските безбедносни сили и проруските сепаратисти во близина на Славјанск, а минатата недела жртви имаше во Одеса. „Крвавите слики од Одеса ни покажаа дека сме само неколку чекори од воен судир“, изјави Штајнмаер, додавајќи дека „судирот ескалираше на начин за кој пред некое време никој не веруваше дека е можен“. Германската Влада го смета Крим за дел од Украина, но признава дека тоа подрачје го контролира Русија. Штајнамаер изрази особена загриженост дека ниту Русија ниту Украина во моментов не можат да ги контролираат своите сили на терен. „Уверен сум дека се соочуваме со ситуација која добива своја сопствена динамика. Во источна Украина оперираат групи кои не го слушаат ниту Киев ниту Москва“, вели шефот на германската дипломатија. Анкетите во источните украински региони покажуваат дека повеќето тамошни жители сакаат поголема автономија од Киев, но само малцинство поддржува отцепување и приклучување кон Русија. Но, по последните судири во Одеса и Славјанск, расположението стана понегативно, а соборените украински знамиња покажуваат дека ситуацијата е дојдена до „точка од која нема враќање“.
Слично

Поврзани вести