Украина може да се откаже од рускиот гас
До крајот на оваа година, Украина може да се откаже од купувањето на руски гас . Ова го соопшти украинскиот министер за енергетика и индустријата за јаглен, Едвард Ставицки .
- Сметаме дека до крајот на годината веќе може воопшто да не купуваме руски гас , изјави министерот .
Според податоците на руското Централно диспечерско управување со топлинско-енергетскиот комплекс, на 8 ноември, Украина престанала да купува руски гас . Причина за запирање на увозот станаа несогласувања меѓу Нафтогас и Гаспром по примопредавателниот протокол за октомври , објасни пред ИТАР -ТАСС информиран извор.
Се очекува Украина да го продолжи увозот до една - две недели по решавање на спорот меѓу Гаспром и Нафтогас по октомвриското плаќање, навел експертот и поранешен портпарол, Валентин Землјански .
Гаспром тврди дека украинската компанија му должи над 1 милијарда долари за испораките во октомври и беше поставил рок - до крајот на работниот ден за банките на 7 ноември . Нафтогас заостанува и со плаќањето за август .
Слично
