Украина може да е и со ЕУ и со Русија, смета Џон Кери
Државниот секретар на САД Џон Кери изјавил на сенаторската комисија дека ништо не ја спречува Украина да се интегрира како со Европската унија, така и со Русија.
„Украина може да биде врата и на Исток и на Запад, таа не е обврзана да стане пион меѓу овие две полиња во нивната геополитичка игра ", изјавил Кери.
Државниот секретар истакнал дека со претседателот Барак Обама сметаат дека за Украина може да обезбеди економски аранжман договор за асоцијација со Европејците, а исто така се занимаваат со тоа, која претходно беше во царинската зона. Царинскиот сојуз и евроазиската економска унија, во која влегуваат Белорусија, Казахстан и Русија.
„Да се надеваме дека сето ова може да биде интегрирано, ако луѓето сакаат да реализираат друга стратегија на дејствување", изјавил Џон Кери.
Во понеделникот Кери изјави дека Вашингтон размислува да воведе нови „сериозни санкции" за Москва, ако има нарушувања на примирјето. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговори дека санкциите нема да помогнат за решавање на украинската криза. На истиот ден Украина и проруските сепаратисти во источниот дел на земјата потпишаа договор за почеток на повлекувањето на тешкото оружје од фронтот.
Повлекувањето на тешкото наоружување беше еден од клучните услови утврдени уште во првиот договор од Минск минатиот септември, но никогаш не беа исполнети. Во наредните месеци завојуваните страни продолжија да користат тешко вооружување без оглед за разурнувањата и загинатите, чиј број се зголемил до денес од 3 илјади на 5 илјади и 700.
