Украина крвари, ММФ е спремен да и позајми пари!
Меѓународниот монетарен фонд е спремен да и додели позајмица на Украина, поради тоа што нејзиниот долг е на одржливо ниво.
„Украинскиот долг е одржлив“, изјави Могадам на прес конференцијата одржана на пролетниот состанок на Светска банка и ММФ, пренесе Ројтерс. Тој исто така истакна дека надворешниот долг на Украина претрпел голема штета поради политичката криза во земјата и тензијата со Русија, и во овој момент изнесува само 30 проценти од бруто домашниот производ (БДП).
„Украинскиот долг оваа и наредната година ќе биде околу 50 проценти од БДП, изјави Могадам, потенцирајќи дека тоа е одржливо.
ММФ претходно вети дека во наредните две години ќе ги покрие финансиските потреби на Украина со 27 милијарди долари.
„Точниот износ на пакет аранжманот со ММФ ќе зависи од помошта на другите меѓународни кредитори, како што е Европската унија, што ќе им ја додели на владата во Киев“, заклучи Могадам.
И.Т.
Слично
