Украина ќе произведува француски ракети, а Макрон откри што друго договориле со Зеленски
Франција ќе ѝ дозволи на Украина да произведе француски ракети.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе ѝ дозволи на Украина да произведува француски крстосувачки ракети, прецизни наведувани бомби и пресретнувачки ракети за воздушна одбрана.
„Порано денес, претседателот Зеленски и јас се согласивме за мапа на патот меѓу нашите две земји, спроведувајќи го она што беше договорено во принцип минатиот ноември во врска со нашата билатерална одбранбена соработка“, изјави Макрон на прес-конференција по состанокот на околу 25 лидери во Париз, објави Ројтерс.
Производството ќе вклучува прецизно водени бомби воздух-земја AASM, ракети пресретнувачи за воздушна одбрана Aster и крстосувачки ракети со долг дострел SCALP, кои исто така ги произведува Обединетото Кралство.
Макрон рече дека на Украина ќе ѝ бидат обезбедени радарски системи. Тој рече дека Зеленски, исто така, нарачал испорака на нови системи за воздушна одбрана SAMP/T, кои ќе следат по испораките на постара верзија на системот и дополнителни ракети.
Макрон изјави дека Украина ќе добие и 16 борбени авиони „Рафал“, кои треба да бидат оперативни во украинскиот воздушен простор до 2028-2029 година. Макрон, исто така, објави дека сојузниците на Украина се согласиле да почнат воени вежби во земјите што граничат со Украина, како дел од планот за формирање мултинационални сили што би биле распоредени по постигнувањето прекин на огнот со Русија.
Американскиот претседател, Доналд Трамп деновиве наговести дека САД може да ѝ дадат на Украина дозвола за производство на ракети „Патриот“.Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
