Украина ќе плаќа поскапо за рускиот гас
Рускиот производител на природен гас „Газпром“ одлучи да ја зголеми цената за гасот за Украина. Земјата која досега плаќаше 268,5 долари за 1.000 метри кубни гас, сега ќе мора да плаќа дури 120 долари повеќе - 385,5 долари.
Украина го загуби попустот на цената за гас кој го договори со Русија минатата година, пред почетокот на политичката криза во Киев. Според руската компанија, причина за ваквата одлука е високиот неплатен украински долг за рускиот гас.
Според генералниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер, овој долг во моментнов изнесува 1,7 милијарди долари.
Слично
