Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина ќе набави до 150 борбени авиони од европска земја

Украина ќе набави до 150 борбени авиони од европска земја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети Норвешка и Шведска за да разговара за понатамошна поддршка за Украина. Посетата резултираше со ветување од Норвешка за енергетска помош и потпишување писмо за намери со Шведска за потенцијално купување на 150 борбени авиони „Грипен“, пишува „Киев Индепендент“.

Домаќин на Зеленски беше премиерот Улф Кристерсон, а средбата се одржа во градот Линкопинг, седиштето на одбранбената компанија Сааб, која ги произведува борбените авиони Грипен. Двајцата лидери потпишаа писмо за намери за долгорочна одбранбена соработка. Иако меморандумот не подразбира итни испораки, тој отвора можност за договор од голем обем што би вклучувал 100 до 150 борбени авиони Грипен Е.

„Ова е почеток на долго патување од 10-15 години“, рече Кристерсон пред изложениот ловец „Грипен Е“. „Сааб ЈАС 39 Грипен“ е лесен повеќенаменски ловец од 4,5 генерација, а Киев и Стокхолм веќе разговараа за можноста за негово доставување до украинските воздухопловни сили.

Дипломатската турнеја на Зеленски доаѓа само неколку дена по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, кој одби да ја вооружи Украина со ракети „Томахавк“. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести