Украина ќе купува компоненти за дронови од Кина?
Иако Eвропската Унија(ЕУ) го обвинува Пекинг за поддршка на рускиот воено-индустриски комплекс, на Киев му е дозволено да користи дел од траншата од шест милијарди евра за набавка на компоненти што се дефицитарни во Европа.
На Украина ќе ѝ биде дозволено да троши средства од заемот за одбрана на Европската Унија за кинески компоненти за беспилотни летала, со што се открива зависноста на Европа од Пекинг во клучните сегменти, додека Европа се обидува да изгради сопствена одбранбена индустрија.
Како што дознава „Фајненшл тајмс“, Киев добил посебно ослободување за дел од траншата од 6 милијарди евра за набавка на компоненти за беспилотни летала од Кина. Овие средства претставуваат прва алокација од поширок заем за поддршка на Украина, во рамките на која вкупно 60 милијарди евра се наменети за набавка на одбрана. Оваа одлука укажува на јазот што сè уште постои во домашното производство во рамките на ЕУ, и покрај силните напори за зајакнување на индустриската база на Европа преку поврзување на помошта за Украина со набавките во рамките на континентот.
Иако ЕУ го обвинува Пекинг дека е „клучен двигател на војната на Русија“ против Украина, бидејќи е главен снабдувач на воено-индустрискиот комплекс на Москва, исто така се признава дека украинската индустрија за оружје во голема мера зависи од кинеските компоненти.foto Sputnik/Stanislav Krasilnikov
