Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина ќе го прогласи Путин за воен злосторник

Украина ќе го прогласи Путин за воен злосторник

Украинската Врховна Рада се подготвува рускиот претседател Владимир Путин да го прогласи за воен злосторник.

Во украинската Врховна Рада поднесена е предлог изјава со која се бара рускиот претседател Путин да биде прогласен за воен злосторник, јави Укринформ. Изготвувач на изјавата е асистентката на народната пратеничка Елисавета Бохутска.  Текстот на нацрт документот, меѓутоа, допрва треба да биде објавен.  Дел од западните земји претходно повикаа на расчистување на воените злосторства кои руските сили ги извршија во Украина. 

Екс главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте пред повеќе од месец дена го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП. Таа го нарече Путин воен злосторник. 

Русија пак можно е да ги прогласи Азов за терористичка организација. 

Слично

Поврзани вести