Украина ќе добие подводни дронови
Британија ќе ѝ даде подводни дронови на Украина.
Станува збор за шест подводни беспилотни летала кои ќе ѝ помогнат да го исчисти брегот од мини. Ова е со цел да се обезбеди побезбедна испорака на жито, пренесува „Ројтерс“.
Велика Британија, ќе обучи десетици припадници на украинската морнарица за користење беспилотни летала.
Норвешка и Велика Британија заеднички ќе испорачаат микро беспилотни летала на Украина како воена помош во војната со Русија.
Микро дроновите се мали - 16 х 2,5 сантиметри, но се многу корисни за извидување и идентификација на целта. Беспилотните летала Black Hornet развиени од Норвешка од производителот Teledyne FLIR вредат до 9,25 милиони долари. Пакетот вклучува единици Black Hornet, резервни делови, транспорт и обука. Оваа опрема ќе ја плати фонд предводен од Британија во кој придонесе и Норвешка.САД и повеќе европски земји донираа воена опрема и оружје за Украина.
Слично
