Украина ќе добие оружје со кое ќе гаѓа цели на 150 километри
Пентагон преговара со „Боинг“ за испорака на дополнително оружје за Киев.
Украина може да добие евтини, мали, прецизно наведувани ракети, кои ги има во доволен број за да му дозволи на Киев да работи далеку зад руските линии, пренесува „Ројтерс“.
Според документот што го видел „Ројтерс“, GLSDB би можел да биде испорачан уште напролет.
Системот предложен од компанијата „Боинг“, наречен GLSDB, е еден од десетината планови за производство на нова муниција за Украина и другите источноевропски сојузници на САД, потврдија за британската агенција извори од воената индустрија.
Бомбите GLSDB, чиј дострел е 150 километри, би ѝ овозможиле на Украина да гаѓа важни воени цели кои сега ѝ се недостапни.
„Саб“ и „Боинг“ заеднички ги развиваат GLSDB од 2019. Ракетните мотори М26 ги има во изобилство, а една бомба ГБУ-39 чини околу 40.000 долари, што правењето на GLSDB го прави релативно евтино и достапно.
„Руската инвазија на Украина ја зголеми заканата од употреба на оружје за масовно уништување, вклучително и хемиско оружје“, изјави денеска шефот на Организацијата за забрана на хемиско оружје – ОПЦВ (OPCW), Фернандо Аријас.
Инвазијата почна на 24 февруари.
