Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА КАЖА ЗОШТО НЕ ПРИФАЌА ПРИМИРЈЕ - војната така нема да престане

УКРАИНА КАЖА ЗОШТО НЕ ПРИФАЌА ПРИМИРЈЕ - војната така нема да престане

Украина ја отфрли можноста за примирје или отстапки за Русија, која ги засили нападите во источниот украински регион Донбас, објави утринава Ројтерс кога полскиот претседател пристигна во Киев и е првиот странски лидер што ќе се обрати во парламентот од почетокот на инвазијата во февруари.

Русија води голема офанзива во Луганск, една од двете провинции во Донбас, откако го задуши неколкунеделниот отпор на последните украински борци во стратешкиот југоисточен град Мариупол.

Сепаратистите поддржани од Русија владееја со голем дел од Луганск и соседниот регион Доњецк пред да започне инвазијата на 24 февруари, но Москва исто така сака да го окупира и остатокот од Донбас кој го држиУкраина.

„Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање во вечерта спрема недела.

Руската армија се обидува да ги нападне градовите Славјанск и Северодонецк, но украинските сили го запираат нивниот напредок, додаде Зеленски.

Советникот на Зеленски, Михајло Подољак, ја отфрли можноста Украина да се согласи на примирје и рече дека Киев нема да прифати никаков договор со Москва што ќе вклучува предавање на територии. Концесиите тешко би ја погодиле Украина по глава бидејќи Русија ќе удри уште посилно по секоја пауза во војната, рече тој.

фото: EPA/SERGEY KOZLOV

Слично

Поврзани вести