Украина кажа под кои услови ќе преговара
Украинa порача дека нема никакви преговори со Русија сѐ додека трае војната.
Украинскиот функционер Андриј Јермак отфрли какви било договори со Русија сѐ додека трае војната, пренсе Ројтерс. Тој вели дека Москва ќе го искористи прекинот на воените дејствија за да ги прегрупира своите сили и да собере ресурси.
„За Русија ова е војна за уништување - за нас ова е војна за опстанок. И сѐ додека тие се обидуваат да нѐ укинат како држава и како нација, секој договор со Русија ќе биде осуден на пропаст“, напиша Јермак на Твитер.
Тој ја обвини Русија за „уцена“ и „измислување терористички напади“ врз сопствените објекти по експлозиите на Крим.
Украина претходно за да преговара бараше враќање на границите зацртани пред 24 февруари годинава, а потоа ги бараше границите кои постоле многу порано, односно од 1991 година.foto EPA/HANNIBAL HANSCHKE
Слично
