Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина ја затвора границата со Русија?!

Украина ја затвора границата со Русија?!
Украинскиот претседател Петро Порошенко издал декрет со кој на Владата и наложил да се подготви за евентуално привремено затворање на границата со Русија, долга 2.300 километри. Декретот, кој украинскиот претседател го донесе по петмесечни борби во источните делови на земјата меѓу војската и проруските сепаратисти, и овозможува на Владата во целост да ги затвори копнените и поморските премини на границата за сите возила и пешаци. Одлуката е донесена заради „постојаното мешање на Руската Федерација во внатрешните прашања на Украина“, се наведува во документот. Меѓу мерките што ги бара Порошенко од Владата се и итна подготовка на предлог-закон за укинување на „вонблоковскиот статус“ на Украина, со што земјата би можела да аплицира за членство во НАТО и ЕУ. Указот за ова прашање Порошенко го потпишал вчера, а многу клучни точки од документот ја носат ознаката на доверливост. Како приоритетен национален интерес за Украина во надворешната политика за оваа и наредната година се наведува натамошен развој на односите на стратешко партнерство со САД, ЕУ и НАТО. Украинскиот претседател најавува опсежни рефроми не ја исклучува можноста земјата до 2020 година да побара членство во Европската унија. Порошенко од Владата бара и ослободување од данок за увозните производи од наменската индустрија, зголемување на платите на војниците, станбено згрижување за семејствата на загинатите и ранетите во борбите во источните делови на земјата.
Слично

Поврзани вести