Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина ја обвини Русија поради зголемувањето на царинските проверки

Украина ја обвини Русија поради зголемувањето на царинските проверки

Политичарите и бизнисмените од Украина ја обвинија Русија поради зголемувањето на царинските проверки на нивните извози.

Стотици пратки и камиони биле заглавени на границата меѓу двете земји, а на ова Украина гледа како на одмазда од Русија поради тесните врски на Киев со Европската унија.

Украина одби да стане дел од царинската унија предложена од Русија, а во чиј состави би влегле поранешните земји од Советскиот сојуз.

Руските рестрикции на украинските производи претставуваат дополнително влошување на односите меѓу двете земји. Минатиот месец Русија го забрани извозот од еден од главните конфекциски магнати на Украина, „Рошен“, поради неправилности во производството.

Украинскиот премиер Микола Азаров изјави дека постојат „одредени потешкотии" во меѓуграничната трговија, поврзани со формирањето на царинската унија која треба да биде предводена од Москва.

Инаку од Руската влада вчера сооштија дека царинските служби донеле одлуката за стопирање на увозот на  украински прехрамбени производи.

Слично

Поврзани вести