Украина извезува најмногу масло во светот
Светското лидерство за извоз на масло убедливо го држи Украина. Тие извезуваат $2 милијарди, информираше прес службата на украинското Министерство за аграрната политика.
Податоците на Министерството покажуваат дека Украина продава во странство повеќе од 1,7 милиони тони масло, што е за 26% повеќе во однос на истиот период претходната година.
-Во тековната пазарна година Украина е на прво место во светот по обемот на трговијата со сончогледово масло, заземајќи 50% од светскиот пазар”.
Според него секој втор литар масло, кој се продава во светот, е произведен од Украина. “Од почетокот на пазарната година во земјата се произведени 2 милиони тони од овој производ, при што околу 80% се пристигнати на странските пазари”, додаде министерот.
Според информации на Укролијапром во пазарната 2011/2012 година производството на сончогледово масло во Украина изнесуваше 3,8 милиони тони, а извозот 3,2 милиони тони.
Вкупниот капацитет на украинските претпријатија за преработка на сончогледово семе е околу 6 милиони тони годишно, а тоа е значително над обемот на суровините, одгледувани во земјата.
Слично
