Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УКРАИНА ИЗРАЗИ НУЛТА БЛАГОДАРНОСТ, А ЕВРОПА ПРОДОЛЖУВА ДА КУПУВА НАФТА ОД РУСИЈА“: Трамп со остра критика

„УКРАИНА ИЗРАЗИ НУЛТА БЛАГОДАРНОСТ, А ЕВРОПА ПРОДОЛЖУВА ДА КУПУВА НАФТА ОД РУСИЈА“: Трамп со остра критика

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД. 

- „Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на платформата „Truth social“.

Тој ја даде изјавата додека високи функционери од САД, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија разговараат за нацрт-планот на САД за завршување на војната во Украина во Женева.

- Војната меѓу Русија и Украина е насилна и ужасна војна која, со силно и вистинско американско и украинско лидерство, никогаш немаше да се случи. Започна долго пред да го земам мојот втор мандат, за време на администрацијата на заспаниот Џо Бајден, и само се влоши, рече Трамп.

„Доколку претседателските избори во 2020 година не беа наместени и украдени, немаше да има војна меѓу Украина и Русија...Наследив војна што никогаш не требаше да се случи, војна што е губитничка за сите, особено за милионите луѓе што толку непотребно загинаа, заклучи Трамп.

Слично

Поврзани вести