Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина изгуби половина од оружјето, испораките од западните земји покриваат само 15 отсто

Украина изгуби половина од оружјето, испораките од западните земји покриваат само 15 отсто

На Украина и треба оружје. 

Заменикот-министер за одбрана Володимир Карпенко вели дека вооружените сили на Украина загубија околу половина од својата воена опрема за време на борбите.

„Зборувам само за тешко вооружување. Денеска имаме околу 30-40 отсто, а понекогаш и до 50 отсто од загубата на опрема како резултат на активни битки. Значи изгубивме околу 50 отсто“, кажа Карпенко од украинското издание Лига, пренесуваат западни медиуми.

Вели дека имаат загуба од околу 1.300 пешадиски борбени возила, 400 тенкови и 700 артилериски системи. Испораките на оружје од западните земји покриваат до 15 отсто од потребите на Украина. Додава дека вооружените сили на Украина мора да надополнат 700 артилериски системи кои биле уништени во битки, а само 100 такви системи добиле од Запад.  Украина го објави својот последен извештај за загубите што Русија ги претрпела од почетокот на војната. Во извештајот се тврди дека загинале 33.350 руски војници, а биле уништени 3.573 оклопни возила. САД, Германија, Франција и други земји донираа оружје за Украина. 

Но, британскиот адмирал Сир Тони Радакин вели дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја загубил војната. 

foto EPA/OLEG PETRASYUK

Слично

Поврзани вести