Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА: Итен состанок на СБ заради „тешка ескалација на насилствата“

УКРАИНА: Итен состанок на СБ заради „тешка ескалација на насилствата“
Советот за безбедност на Обединетите нации доцна попладне по американско време ќе започне итен состанок на барање на Русија, заради новата ескалација на насилствата во источна Украина. Украинските власти утрово започнаа опсежна операција во источниот град Славјанск со цел да се пресметаат со проруските сепаратисти, кои го држат под контрола овој град. Операцијата веднаш наиде на остри реакции од официјална Москва. Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин нагласи дека го осудува „украинското насилство вредно за презир, кое може Украина да ја воведе во катастрофа“. „Ќе направиме се што можеме за да се обидеме да ја запреме оваа луда операција на истокот на Украина“, додал тој. Состанокот ќе биде 13-ти по ред од почетокот на украинската криза, но од ниту една седница досега членките на Советот за безбедност не успеале да излезат со заеднички став во врска со ситуацијата во Украина.
Слично

Поврзани вести