Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина има докази дека Кадиров вршел воени злосторства

Украина има докази дека Кадиров вршел воени злосторства

Киев го обвини чеченскиот лидер Рамазан Кадиров за воени злосторства. 

Службата за безбедност на Украина (СБУ) поднесе обвинение за воени злосторства против Кадиров. СБУ на својот канал Телеграм објави дека собрала „безусловни докази за воените злосторства извршени од Рамзан Кадиров“, пренесува ТАСС.

Има докази за воени злосторства извршени од заменик-шефот на одделот на руската Национална гарда за Чеченија – Даниил Мартинов и еден од командантите на Националната гарда – Хусеин Межидов.

Кадиров се закануваше дека ако добијат дозвола од рускиот претседател Владимир Путин ќе го заземат Киев. Но, такво нешто не се случи. Русите се повлекоа од намерата за освојување на Киев. 

Слично

Поврзани вести