Украина има добра волја да преговара за „не-НАТО“ моделот
Украина нема да прави компромиси околу својот територијален интегритет во преговорите со Русија, но има добра волја да преговара за „не-НАТО“ моделот во иднина, изјави денеска за американската телевизиска мрежа Fox News еден од украинските преговарачи.
Украина пред превратот од 2014-година имаше амбиции за членство во Европската унија, на што Русија тогаш не се противеше, но последната година амбициите на Киев се насочија и кон членство во НАТО верувајќи дека тоа ќе ѝ овозможи воено враќање на одметнатиот црномирски полуостров Крим и источните доминанатни руски региони во областа Донбас на самата руска граница. Москва и претходно предупреди дека украинското членство во НАТО ќе го смета за големо загрозување на нејзината безбедност.
„Одговорот кој го добиваме од земјите во НАТО е дека не се подготвени ниту да преговараат за нашето членство, барем не во следните пет до десет години“, изјави украинскиот преговарач Давид Арахамија.
Toj вели дека се подготвени да преговараат за ‘не-НАТО’ моделот.
„На пример, би можеле да добиеме директни гаранации од различни земји, како САД, Кина, Обединетото Кралство, а можеби и Германија и Франција. Подготвени сме да разговараме и со широк круг земји, не само билатерално со Русија, туку и со други партнери“, рече Арахамија.
Две рунди на преговори веќе се одржаа, а ќе следи и трета.Од 24 февруари, во Украина има војна. Русија на тој датум ја почна инвазијата на Украина.
Русија бара демилитаризација на Украина и нејзин неутрален статус. Рускиот претседател Владимир Путин во повеќе наврати истакна дека се бори против неонацистите во Украина.
