Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина и го сврте грбот на ЕУ – повторно гледа кон Русија

Украина и го сврте грбот на ЕУ – повторно гледа кон Русија
Паднаа во вода надежите на Европската унија за широко партнерство со Украина откако владата на земјата одлучи да престане со преговорите. Таа место преговори за влез во ЕУ ги објави своите намери за остварување на поблиски врски со еден конкурентен трговски сојуз , предводено од Русија , пишува Wall Street Journal Изненадната владина наредба дојде само неколку часа откако парламентот на Украина не успеа да го усвои законот кој беше клучен услов за спроведувањето на договорот. Иако одлуката не е поддржана и официјално од претседателот Виктор Јанукович , ова се чини дека е голем чекор назад кон пактот со ЕУ , кој Брисел се надеваше дека следната недела ќе биде потпишан . Јанукович, кој е во посета на Виена , ја беше оставил вратата за договорот со ЕУ отворена , велејќи дека " алтернатива на европската интеграција не постои". Европските политичари сега се длабоко разочарани, но сметаат дека блокот ќе продолжи да инсистира за остварување на врски со Украинa. „Нашиот интерес за добри односи со Украина не исчезна и нашата понуда за партнерство останува " , коментира германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле . „Топката е во полето на Украина . Таа има суверено право да избере свој пат“, додава тој. Во неделата Јанукович ги предупреди властите во ЕУ дека Киев можеби не е подготвен да го потпише договорот , како што беше планирано. Но западните претставници смета дека претседателот не зборува сериозно , туку тоа го кажува за да добие поголема финансиска помош за ослабнатата економија на земјата . Русија се закани со тешки економски последици , ако Киев потпише договорот со ЕУ и побара да се приклучи кон конкурентенниот сојуз предводен од Москва . Конфликтот се продлабочува со наближувањето на самитот следната недела во Литванија . Европските лидери предупредија дека Украина ризикува да ја изгуби шанса за потпишување на Спогодбата за асоцијација. ЕУ ја повика Украина да преземе серија од правни реформи , но главното барање на Брисел е од затвор да биде ослободена Јулија Тимошенко.
Слично

Поврзани вести