Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА И САД ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА МИНЕРАЛИТЕ: Трамп откри кога ќе се случи тоа

УКРАИНА И САД ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА МИНЕРАЛИТЕ: Трамп откри кога ќе се случи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп вечерва изјави дека договорот за експлоатација на стратешките минерални суровини на Украина ќе биде потпишан „идниот четврток“.

„Имаме договор за минерални суровини што мислам дека ќе биде потпишан во четврток, следниот четврток. Наскоро. И очекувам тие да го почитуваат договорот. Ќе видиме. Но, имаме договор за тоа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Американскиот претседател инсистира на договор за компензација на американската помош што веќе му е дадена на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина.

За овој договор се зборува последниве два месеци. Киев бара безбедносни гаранции, со цел во иднина да бидат безбедни од нов руски напад. 

Слично

Поврзани вести