Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина и Русија ги договорија цените на зимските гасни резерви

Украина и Русија ги договорија цените на зимските гасни резерви

Украина и Русија ги договорија условите за снабдување на гас за зимската сезона од почетокот на октомври до крајот на март 2016 година.

Енергетските министри на двете земји се ангажираа во Брисел да обезбедат континуирано транзит на природен гас преку украинска територија за останатите Европски земји.

Русија се согласи да ја намали цената по која ќе се продава гасот до нивоата слични со оние кои ги плаќаат соседните држави на Украина.

„Сигурен сум дека денешните договори ќе ни дозволат да го гарантираме нормалното обезбедување со руски гас на многу милиони наши европски корисници во оваа зима“, изјавил рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Од Украинската страна пак се обврзуваат уште следниот месец да превземат 2 милијарди кубни метри гас како резерва во подземните складови, преку кои ќе се одржува притисокот во цевките низ нејзина територија во насока на Југоисточна Европа.

„Во овој документ Украина го потврдува непрекинатиот транзит на руски природен гас за европските држави“, изјавил украинскиот министер за енергетика Володимир Демчишин.

Барем 500 милиони долари ќе се потребни за купување на руски гас од Украинците и дел од нив ќе дојдат со помош на Европската унија, прецизира заменик-претседателот на ЕК, Марони Шевчович.

„Топло сакам да се заблагодарам на колегите од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, Германската банка за развој и сите други финансиски институции кои помогнаа за собирањето на оваа сума“, изјавил тој.

Протоколот за испораките на гас помеѓу Киев и Москва формално уште не е потпишан, но земјите ветија наскоро дека ќе ги завршат сите процедури и горивото ќе може да потече од почетокот на следниот месец.

Слично

Поврзани вести