Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина и финансиската поддршка од Брисел

Украина и финансиската поддршка од Брисел
Евентуалното потпишување на Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и Европската унија (ЕУ) отвора нови можности пред Киев  за финансиска поддршка од Брисел. Ова го изјави претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо, пишува ИТАР-ТАСС. „Ние не сме согласни со идејата дека мора да и  плаќаме нешто на земјата, која се приклучува на овој договор. Ова е сосема погрешно верување. Всушност нашиот одличен предлог за Украина е самиот договор. Ние нудиме пристап до најголемиот пазар во светот - внатрешниот пазар на ЕУ", рече Баросо за новинарите во Брисел. Шефот на ЕК соопшти дека ЕУ е подготвена да одвои за Украина финансиска помош во износ од 610 милиони евра под услов Киев да постигне договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според Баросо ЕУ продолжува да е најголем нето донатор на Украина. Според него, по прогласувањето на независноста на земјата, Унијата има обезбедено еднострана помош во висина од 3,30 милијарди евра и кредити во вкупна вредност од 10,5 милијарди евра. Во моментов ЕУ продолжува да дели поддршка за Киев во просек од 150 милиони евра секоја година. "Во моментов се водат преговори со други партнери, кои треба да обезбедат дополнителна помош за Украина на нејзиниот европски пат", коментира Жозе Мануел Баросо. K.K.
Слично

Поврзани вести