Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина го уништи профитот на „Гаспром“

Украина го уништи профитот на „Гаспром“
Нето профитот на рускиот енергетски гигант „Гаспром“ опадна за цели 10,5% во третиот квартал од минатата година. Компанијата сепак забележа извесен раст во првите 9 месеци од 2013-та, и тоа најмногу благодарение на поголемата продажба во Европа. Гаспром не сака да го образложи падот на профитот во третото тримесечје, но аналитичарите сметаат дека тоа е резултат на намалениот извоз во Украина, поранешната советска република која лани се обидуваше да воспостави поблиски односи со Европа се до ненадејната промена на курсот пред самиот крај на годината. Со цел да ја намали зависноста од Москва, украина планираше минатата година да ја намали набавката на гас од Русија на околу 30 милијарди кубни метри од 52 милијарди кубни метри, колку што изнесуваше во 2012-та. Одделението на руската Сбербанка за истражување на инвестициите соопшти дека украинската државна енергетска компанија „практично престанала од август 2013-та година да му плаќа на Гаспром за испораките“.
Слично

Поврзани вести