УКРАИНА ГО ОШТЕТИ И ТРЕТИОТ МОСТ ВО КУРСК: Русија ја потврди информацијата
Украинците го нападнаа и третиот мост во Курск во Русија.
Русија потврди дека Украина го нападнала и третиот мост во областа Курск, по кој украинските сили извршија копнена инвазија пред скоро две недели.
Како што соопштија руските истражители, Украина синоќа оштетила мост на реката Сејм. Украинците вчера потврдија дека нивните воздушни сили уништиле уште еден стратешки важен мост на реката Сејм во пограничниот регион Курск, со што драстично се намалил капацитетот за снабдување на руската група која се спротивставува на украинското напредување.
Напаѓајќи го третиот мост, Украинците очигледно изолирале околу 700 километри од територијата на областа.
Третиот, последен мост на реката Сејм се наоѓа во областа Коренески во областа Курск во Русија.
Како што објави на „X“ Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, оваа информација ја објавија руски воени блогери.
Најголемиот мост на реката Сејм се наоѓа во селото Глушково, а украинските сили го уништија пред три дена, во попладневните часови.
Ден подоцна беше погоден уште еден мост, кој се наоѓа посеверно, во селото Званоје.
Украинската страна вели дека украинскиот воен упад во Курск има за цел да создаде „тампон зона“ за да спречи прекугранични напади на московските сили. Украина изненади со упадот во Русија. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
