Украина го испрати првиот прашалник за кандидатски статус за членство во ЕУ
Европската Комисија потврди дека е примен првиот дел од прашалникот што Украина го испрати за добивање кандидатски статус во ЕУ.
Документот што треба да го пополнат земјите аспиранти за членство во ЕУ е поделен на два, а првиот дел, веќе испратен од Украина, се однесува на економските и политичките критериуми.
Се очекува украинските власти во наредниот период да го поднесат и вториот дел кој се однесува на европското законодавство.
Откако ќе бидат разгледани двата дела од прашалникот Европската Комисија ќе објави мислење дали Украина може да добие официјален статус на кандидат за членство.
Слично
