Украина го гарантира транзитот на руски гас за ЕУ
Tранзитот на руски гас за земјите од Европската унија, Украина целосно го гарантира, изјави украинскиот заменик-премиер Јуриј Бојко.
- Транзитот е ветувачки и се спроведува во согласност со наредбите, кои доаѓаат од „Газпром“ и од европските земји, нагласи Бојко.
Тој напомена дека гаранциите за транзитот целосно се почитуваат и покрај тоа што Украина и Русија не постигнале договор за ревидирање на спогодбата за откуп на гас.
Бојко додаде дека по две недели украинските подземни складишта ќе бидат наполнети со доволнo количeство гас за претстојната грејна сезона.
- Нема да дојде до појава на катаклизми, нагласи тој.
Слично
