Украина го „чисти“ Славјанск, во војната гинат и невини деца!
Армијата на Украина продолжи со нападите врз Славјанск. Утрото гранати ја погодија и градската детска болница, јави руската телевизија „Раша тудеј“. Гранатиран е и станбениот дел од Славјанск, има седум повредени деца.
Владата во Киев тврди дека армиските сили во целост ги исчистиле сепаратистите од јужните и западните делови на Доњецк и северните реони на Луганск, а најавуваат дека ќе продолжат со воена операција во пограничното подрачје.
Украинската армија неделава ја засили воената офанзива против проруските сепаратистички сили во реонот на Доњецк, употребувајќи тешка артилерија, воени летала и оклопни едници, при што вчера загубија еден хеликоптер, а 14 војници загинаа.
Слично
