УКРАИНА ГО БАРА, А РУСИЈА ГО ПРАТИ ВО ТУРЦИЈА: Чеченец обвинет за воени злосторства сега е во улога на хуманитарец
Екс чеченскиот командант Данил Мартинов, кого Украина го бара под обвинение за воени злосторства, е водач на руската помош за жртвите од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија.
Мартинов според информациите на украинската служба за безбедност е многу близок со чеченскиот лидер Рамазан Кадиров. Сега е еден од водечките луѓе во Министерството за вонредни ситуации во Русија. Во таа улога тој е во Турција.
Украинската безбедносна служба го обвинува Мартинов дека раководел со група Чеченци кои го окупирале градот Бородијанка. По негова наредба, повеќе од 500 луѓе биле затворени во психијатриска болница, а зграда со цивили била користена како база на руската армија во тој град, што е спротивно на меѓународното право. Поединци биле малтретирани во самата болница. Мартинов беше одговорен за тренинг тимот кој се грижеше за обезбедувањето на Кадиров со кој имаше одлични односи.
Украинското обвинителство гони неколку Чеченци за извршени воени злосторства. Откако почна војната, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров тврдеше дека неговите борци за многу кратко време можат да ја поразат Украина. Но, наскоро ќе се наврши една година од почетокот на војната.