Економија, финансии, бизнис

Контакт

УКРАИНА ГЛАСА: Порошенко во источниот „конфликтен“ дел од земјата

УКРАИНА ГЛАСА: Порошенко во источниот „конфликтен“ дел од земјата
Околу 30 милиони регистрирани гласачи се изјаснуваат за 450 пратеници на украинската Врховна рада денеска според комбиниран систем - поливина пратеници се избираат по пропорционален, а половина по мнозински систем. Сепак нема да се гласа во 15 изборни окрузи во областа на Доњецк и Луганск, во источните делови на земјата, во кои се уште се водат жестоки борби меѓу украинските безбедносни сили и проруските бунтовници. Гласање ќе се одржи само во 17 окрузи во овие области. Во согласност со „законот за статусот на привремено окупираните територии на Крим и Севастопол, и во овие области нема да се испраќаат гласачки ливчиња“, појасни украинската Изборна комисија. Со ова, на изборите се очекува да бидат избрани најмногу 423 од вкупно 450 пратеници, колку што брои украинскиот Парламент. Украинскиот претседател Петро Порошенко го распушти собранието на 25 август и ги распиша вонредните избори за денеска, заради распад на владејачката коалиција. Порошенко на денот на изборите денеска ненајавено ги посети току критичните источни делови на земјата. „Стигнав во Донбас“, напиша Порошенко на Твитер, поставувајќи фотографија во маскирна униформа на која гледа низ отворена врата на хеликоптер. Според кабинетот на Порошенко, тој уште денеска ќе се врати во Киев за да гласа на изборите. Украинскиот претседател ги повика граѓаните да излезат на гласачките места и изрази уверување дека ќе биде избрано „проукраинско и проевропско Собрание“. Според анкетите, токму проевропскиот блок на Порошенко има предност на изборите, додека второт место би можела да го добие популистичката партија во која довербата се зголемува, Радикалната партија на Олех Лијашки. Наспроти овие избори, самопрогласените народни републики во Доњецк и Луганск имаат намера да одржат избори за претседатели и пратеници на 2 ноември. Судирите во источна Украина однесоа повеќе од 3.000 животи, а само од примирјето постигнато на 5 септември загинале повеќе од 300 лица. Но, истовремено, конфликтот ја уништи економијата на земјата бидејќи годинава се очекува пад на украинскиот БДП меѓу 7 и 10%.
Слично

Поврзани вести