Економија, финансии, бизнис

Контакт

Украина ги нападнала руските војници на Змискиот остров на Црното море

Украина ги нападнала руските војници на Змискиот остров на Црното море

Украина ги нападнала Русите на Змискиот остров. 

Украинската армија информираше дека ги нападнала руските војници на Змискиот остров на Црното море.

„Нашите сили ги нападнаа непријателите на Змискиот остров. Уништен е контролен пункт и противвоздушен систем. Загубите на Русија се големи“, соопштија од Украина.

Засега нема никаква потврда од Русија за нападот на Змискиот остров. На 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина и војната се уште трае. 

Тоа островче стана симбол на Украина откако радио комуникацијата со молскавична брзина се прошири на социјалните мрежи во која, на барањето да се предадат, украинските граничари му кажаа на рускиот ракетен крстосувач Москва на првиот ден од конфликтот: „Оди по ѓаволите, руски воен броду!“.

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести