Украина: Експлозија во рудник, 32 рудари загинати
Во денешната експлозија на рудник во Украина во местото Засјадко во Доњецк повеќе од 30 луѓе загинаа , соопшти шефот на безбедносните служби на рудникот Владимир Цимбаљенко.
Според него спасувачките екипи се уште не стигнале до местото на експлозијата. Прво, како што вели Цимбаљенко, се прават обиди да се неутрализира отровниот гас, а потоа тие ќе се спуштат во јамата. Постојат сомневања дека до екплозијата дошло поради мешање на гасот со воздухот, а во моемнтот на несреќата во рудникот имало 47 работници. Во овој рудник на јаглен од 1999 до 2007 се случиле седум несреќи, во последната, загинале 101 рудар.
Слично

