УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска
НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили.
Армијата на Украина се соочува со намалена жива сила и недостатокот достигнал „критична точка“, па украински официјални лица побарале од САД и НАТО да помогнат во подготовката на уште 150.000 новобранители.
НАТО може да испрати воени инструктори во Украина за „брза“ и „квалитетна“ подготовка на украинските сили кои треба да ја одбијат руската офанзива ова лето, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на извори запознaeни со темата.
Според нив, украински воени лица сега поминуваат обука во Европа, на полигони за обука во Германија и Полска. Нивното испраќање таму како и нивното враќање преку Лавов и Киев одземало многу време.
Пренесувањето на обуката во Украина ќе им дозволи на инструкторите побрзо да собираат информација за новините на линијата на фронтот и на соодветен начин да ја адаптираат програмата за обука, наведуваат изворите за „Њујорк тајмс“.
„Ипраќањето инструктори на НАТО во Украина „се чини неизбежно“, истакна началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД Чарлс К. Браун помладиот.
Според него, такви дејства сега „би ги ставиле под закана животите на инструкторите“, па украинските сили треба да избираат: да користат средства за противвоздушна одбрана за заштита на војниците на НАТО или на критички важната инфраструктура“.
Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон го отвори прашањето за испраќање на војска во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
foto Facebook/NATO
