Украина е подготвена да го окупира Придњестровје доколку Кишињев испрати официјален апел
Киев се понуди да го окупира Придњестровје, a Молдавија одговори дека решение може да има само со политички средства.
Молдавските власти порачаа дека воените дејствија се исклучени. Ваквата молдавска реакција доаѓа како одговор на пораката на советникот на кабинетот на украинскиот претседател, Алексеј Арестович, кој изјави дека Украина е подготвена да го окупира Придњестровје доколку Кишињев испрати официјален апел за ова прашање.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските специјални служби стојат зад серијата експлозии во прорускиот отцепен регион Молдавија.Во Приднестровје, кое се граничи со Украина, последните денови имаше голем број напади. Но, Украина тврди дека ова се лажни напади со цел лажно да се обвини Украина и да се вовлече друг проруски сепаратистички регион во војна. 1.500 руски војници се стационирани во отцепениот регион во Молдавија.
Кремљ соопшти дека е сериозно загрижен од вестите од Приднестровје, но руското Министерство за надворешни работи рече дека Москва сака да избегне сценарио во кое мора да интервенира во регионот, објави новинската агенција РИА.
Прорускиот регион од 420.000 луѓе е отцепен од Молдавија и е доста сиромашен. Регионот, во кој главно се зборува руски, се отцепи од тогашната советска Молдавија во 1990 година. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, проруските сепаратисти водеа крвава војна со молдавските владини сили. foto Reuters
