УКРАИНА Е ОД ДОНИРАНИ ТЕРИТОРИИ ОД СТАЛИН, ЛЕНИН И ХРУШЧОВ: Руската телевизија ги прикажа деловите на Украина
На социјалните мрежи се појави слика од картата на Украина
која е поделена на неколку делови кои се означени со различни бои. Оваа карта
ја објави руската државна телевизија „Росоја 24“ за време на говорот на претседателот Владимир Путин.
На картата е прикажана „Украина во жолто“ или оној дел од територијата што „Русија смета дека и припаѓа на Украина“, а другите делови се означени како „донирани“ територии на Украина од руските владетели Сталин, Ленин и Хрушчов.
Деновиве украинската криза ескалира, посебно откако Путин ја призна независноста на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) и Народна Република Луганск(НРЛ), а потоа веднаш побара од Думата, долниот дом на рускиот парламент, да даде дозвола руската армија да ја премине границата. Думата ја даде својата дозволата експресно и едногласно.
Западните земји одговорија на одлуката на Путин со санкции. ЕУ вчера санкционираше 27 физички лица и субјекти, вклучително и банки кои финансираат руски политичари и операции на отцепените територии. Пакетот санкции ги вклучува сите пратеници од Долниот дом на рускиот парламент кои гласаа за признавање на ДНР и ЛНР. Обединетото Украина денеска прогласи вонредна состојба на 30 дена, а тамошниот парламент усвои предлог-закон според кој на граѓаните на Украина им се дозволува да носат оружје и да го користат во самоодбрана.
Russian state TV is now following up on Putin's speech with a graphic diagramming territorial "gifts" to Ukraine from Russian Czars, Stalin, Lenin and Khrushchev. The yellow bit in the middle is labeled "Ukraine." pic.twitter.com/QdwnvHn4Xs
— Anton Troianovski (@antontroian) February 23, 2022
