Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека американските преговарачи ѝ порачале на Украина дека можат да ѝ понудат безбедносни гаранции слични на Член 5 од НАТО.
Таквите гаранции, според него, би значеле дека САД и другите западни сојузници ќе реагираат на нов напад врз Украина како врз сопствена територија.
„Сега сме чуле од американската страна дека се спремни да ни дадат безбедносни гаранции кои одговараат на Член 5“, изјави Зеленски во Берлин, јави „Ројтерс“.
Притоа, лидерот на Украина додал дека Киев е подготвен да ја остави настрана амбицијата за членство во НАТО доколку договорот со Вашингтон вклучи јасна правна обврска за одбрана на земјата.
„Овие гаранции треба да бидат правно обврзувачки и да ги потврди Конгресот на САД“, дополнил Зеленски, наведува „Киев Индепендент“.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.фото Фејсбук/Володимир Зеленски
