УКРАИНА ДО ТРАМП: Ќе го браниме нашето право да постоиме
Украина реагира по жестоката критика на американскиот претседател Доналд Трамп.
Украинскиот шеф на дипломатијата, Андриј Сибиха изјави дека никој не може да ја натера неговата земја да се откаже од своите права, откако Трамп ја критикуваше Украина и нејзиниот претседател.
„Ќе го браниме нашето право да постоиме“, напиша Сибиха на платформата „Икс“.
Пораката дојде веднаш откако Трамп жестоко го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „диктатор“.
Во Ријад вчера имаше средба на американска и руска делегација со цел да се стави крај на војната во Украина.Рускиот лидер Владимир Путин сака да се види со американскиот претседател Трамп. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
Слично
